Барај: во:
 Насловна
 Категории
 Фотографи
 Најнови фотографии
 Топ фотографии
 Најпопуларни фото.
 Форум
 Совети
 Регистрација
 Услови и правила
 Контакт

Корисничко име:
Лозинка:
Запамти ме на овој компјутер

 Тематски фотографии




»
Услови и правила

 

Фотографиите објавени на страницата може да се преземаат и користат за свои цели, само доколку заинтересираната страна лично го контактира авторот на фотографијата и побара дозвола од него за преземање на фотографијата.

За објавување на фотографии потребно е посетителот да биде најавен на страницата преку внесување на своите корисничко име и лозинка.

Сите посетители имаат право да објавуваат фотографии, кои тие самите ги фотографирале и на кои имаат авторски права, и да ги прегледуваат, бодуваат и коментираат веќе објавените фотографии.

  • При регистрација и внесување на фотографии, пожелно е полињата да бидат пополнети користејќи кирилична поддршка.
  • За да можат да ги бодуваат фотографиите и да внесуваат коментари, посетителите треба претходно да бидат регистрирани и да имаат објавено минимум 5 фотографии во својата галерија.

Бодување на фотографии

  • Секој регистриран посетител може да внесува од 1 до 5 бода за секоја фотографија.
  • Една иста фотографија може да се бодува од страна на еден ист посетител само еднаш.
  • Според бодовите на посетителите се одбираат топ фотографии. Топ фотографиите на насловната страница се одбираат во временски период од 5 денови.

Преземање на фотографии

  • Посетителите можат да ги преземаат објавените фотографии неограничен број на пати. При изборот на најпопуларна фотографија повеќекратното преземање на една иста фотографија од ист посетител се смета како еднаш.
  • Се одбираат најпопуларни фотографии според бројот на преземања на фотографиите.

Секој посетител може да објавува по 1 фотографија дневно.

  • Фотографиите не смеат да содржат рекламни пораки, логоа или навредливи и вулгарни елементи ниту пак да имаат содржина со која се наметнуваат политички или верски убедувања.
  • Не е дозволено лажно претставување и објавување на фотографии кои не се во сопственост на авторот.
  • Форматот на фотографиите мора да е jpg.
  • Фотографиите не смеат да бидат со димензии помали од 600x400 пиксели и со тежина поголема од 1MB.
Администраторите на страницата се оградуваат од содржината на коментарите и фотографииите внесени на оваа страница и го задржуваат правото за:
  • бришење на коментарите и фотографиите со вулгарна и недолична содржина.
  • бришење на коментарите и фотографиите кои се противат со условите за користење на foto.idividi.com.mk и на ИДИВИДИ порталот.
  • отстранување на корисниците кои вршат злоупотреба на страницата или кои ќе се обидат да манипулираат со бодувањето.

 

 
  www.IDIVIDI.com.mk   
 
насловна www.idividi.com.mk