Барај: во:
 Насловна
 Категории
 Фотографи
 Најнови фотографии
 Топ фотографии
 Најпопуларни фото.
 Форум
 Совети
 Регистрација
 Услови и правила
 Контакт

Корисничко име:
Лозинка:
Запамти ме на овој компјутер

 Тематски фотографии




»
Совети
 
Како да добиете детали кај макрофотографија?

Еден од најголемите проблеми кај фотографирањето на ситни предмети кои содржат многу релјефни детали е токму нивното реално прикажување на фотографијата.
Проблемот толку повеќе се засилува доколку предметот што го снимаме е сјаен и метален (како на пример метални пари, значки, плакети и слично).

Директното фронтално светло (како на пример блицот монтиран на фотоапаратот) ќе ни даде убаво и рамно осветлување на објектот, но тоа нема да ги извлече деталите на убав и пластичен начин. 

Страничното светло е она кое во ваквата ситуација е потребно. Поради аголот под кој паѓа (сеедно дали доаѓа од лево или од десно) тоа предизвикува потемни сенки кај испакнатите делови на релјефните шари и ги прави појасно видливи. Вака осветлениот предмет на дводимензионалната површина на фотографијата изгледа пластично и реално.

Комбинацијата од две светла може да даде уште подобар резултат, при што едниот рефлектор (блиц, итн.) директно го осветлува објектот, додека другиот фрла светлина под агол (приближно 45 степени во однос на директното светло). 

Со експериментирање барајте го оптималниот агол на осветлување кој ќе даде најдобар резултат.

При макрофотографијата трудете се да избегнувате фотографирање од рака, (поради малото поле на длабинска острина) и секогаш поставајте го фотоапаратот на статив.

Забелешка:
Овие совети не се строга рецепта за успешна фотографија, гледајте на нив како на инструкција за добивање на бараниот резултат, како патоказ. Слободно менувајте го правецот на светлата и експериментирајте со аголот на фотоапаратот се додека не го добиете резултатот што ви е потребен.

Што би рекле странциве: Practice makes perfect!


Автор: Андон Давчев, 08.03.2006
   

  www.IDIVIDI.com.mk   
 
насловна www.idividi.com.mk