Барај: во:
 Насловна
 Категории
 Фотографи
 Најнови фотографии
 Топ фотографии
 Најпопуларни фото.
 Форум
 Совети
 Регистрација
 Услови и правила
 Контакт

Корисничко име:
Лозинка:
Запамти ме на овој компјутер

 Тематски фотографии




»
Совети
 
Портрет

Портретот во фотографијата е основен начин на претставување на луѓето. Тоа не е само едноставна слика на главата на соговорникот или објектот, туку слика на неговата личност.

За да биде комплетен пристапот во работата, портретот на еден научник треба да се разликува од оној на работник во фабрика. Некоја агресивна, динамична  личност заслужува поинаков портрет од некој повлечен и тивок човек.
За да се долови личната приказна, фотографот може и да снима и спонтани и позирани фотографии.
Спонтаните фотографии кај кои фотографот е повлечен во втор план во однос на објектот, кога самата личност не е свесна дека е фотографирана, даваат искрени и веродостојни портрети, без потреба од дополнително опремување со реквизити, светла или поставање на објектот. Ваквото снимање бара познавање на субјектот, максимално искористување на  светлото и трпение за да се дочека вистинскиот момент.
При снимањето на портрети, најнапред треба да го запознаеме субјектот на снимање, и да го релаксираме доволно за да добиеме верна фотографија.
Тоа најдобро се прави со разговор. Кај класичните интервјуа во нашите медиуми, тоа обично го прави новинарот, додека фоторепортерот „кружи” наоколу барајќи го вистинскиот агол или гест кој ќе го илустрира интервјуто. Главната цел е да со оствари контакт со очите, и сликата да се направи во моментот кога луѓето се отворени и го покажуваат она што се.
Најпознатиот светски портретист, Јусуф Карш, фотограф кој во својот живот ги фотографирал сите луѓе на планетава што значат нешто, (освен Мао Це Тунг) направил фотографии кои станале своевидни икони: Черчил, Хемингвеј, Кралицата Елизабета, Ајнштајн и др.
Секогаш, пред да пристапи кон снимање, најнапред се запознавал со субјектот, а дури потоа започнувал со фотографирање.
Работел стриктно со студиско светло, во услови кога ги контролирал сите елементи од снимањето на портретот, од светлото, преку позицијата на телото, па дури и изразот на лицето. Овој темелен начин на работа, можеби не се вклопува во фотоновинарството, но дал сосема нов пристап и поставил поинакви стандарди во портретната фотографија. На него му припаѓа и честа да ја има најтиражната фотографија на сите времиња: станува збор за портретот на кралицата Елизабета кој покрај класичните портрети дистрибуирани ширум Комонвелтот, бил печатен на британските фунти и на поштенските марки.
Светлото може да се употреби за да се раскаже приказната уште подобро, во случаи кога се работи против нас, времето, позадината, “стегната” личност. Одличното светло секогаш ќе ја извади фотографијата.
primer za flamansko svetlo

Затоа, фотографот мора пред се да го познава светлото, како природното, така и вештачкото. Кога може да се контролираат сите светлосни услови фотографот може да го кориси светлото за да го долови расположението на сцената, силното или драматично светло ќе го потенцираат карактерот на личноста; доколку се  истакне некој детал може да се посочи моменталната окупација на субјектот, и тн.
Композицијата исто така може да го изрази карактерот на субјектот. На пример кога имаме фотографија на некоја личност која важи како стабилна во заедницата, може да се смести во центарот на кадарот за да се долови рамнотежата и да и се даде достоинство на сликата. Некој актер или режисер може да се смести на самата сцена и на тој начин да се потенцира неговата улога во заедницата.
Ефектот на финалната фотографија се менува во зависност од тоа дали фотографот ќе го исполни кадарот со лицето на соговорникот или пак ќе се оддалечи за фотографија на која е целата фигура.
“Блиските” кадри му даваат чувство на невообичаена интимност на читателот и соговорникот, додека за да се долови карактерот на соговорникот, понекогаш е потребно е да се види гестикулацијата и јазикот на телото. Во тие случаи поширокиот кадар може да открие повеќе отколку блискиот портрет.
Кај пошироките кадри голем дел од позадината влегува во сликата, така што и таа мора да биде внимателно избрана за да може да ја дополни приказната на соговорникот.

“Досега научив дека најважно нешто кое мора да се направи кога фотографирам некого во просторија или надвор, да не гледам во субјектот, туку во позадината” – Алфред Ајзенштад, “Лајф”

За да се доловат длабоките дилеми или расположение на соговорникот, неговите раце, позиција на телото или очите ќе дадат дополнителна информација.
Во снимањето на портрети, веднаш по добивањето на задачата потребно е да се створи представа, идеја за сликата која ќе се снима, за да имаме појдовна точка во решавањето на задачата.


Автор: Андон Давчев, 03.05.2006
   

  www.IDIVIDI.com.mk   
 
насловна www.idividi.com.mk