Барај: во:
 Насловна
 Категории
 Фотографи
 Најнови фотографии
 Топ фотографии
 Најпопуларни фото.
 Форум
 Совети
 Регистрација
 Услови и правила
 Контакт

Корисничко име:
Лозинка:
Запамти ме на овој компјутер

 Тематски фотографии




»
Совети
 
Роберт Капа

Роберт Капа (1923 – 1954) “Ако фотографиите не ти се доволно добри, не си доволно блиску“ Спомнувањето на името Андре Фридман веројатно на многу малку луѓе им значи нешто. Затоа пак името Робер Капа е големо и тоа не само меѓу оние што се занимаваат со фотографија. Тој е еден од најпознатите воени фотографи и сигурно фотограф што го одбележал минатиот век. Овој самоук фотограф одлично ја познавал војната, па за тоа во неговите дела се забележува силен манифест против војните и неправдите. Роберт Капа е роден во 1923 во Будимпешта во Унгарија како Андре Фридман. Откако увидел дека во Унгарија нема голема перспектива со тамошниот режим на осумнаесет години побегнал во Германија. Во Берлин нашол работа во фотографска агенција како помошник во фотолабораторија. Во меѓувреме и самиот тој се бавел со фотографија. Кога Хитлер дошол на власт Андре Фридман се преселува во Париз со неговата свршеничка Герда Таро, и се трудел да се избори за место вожестокиот бизинис на фри-ленс новинарството. Андре и Герда решиле да основаат агенција во која ќе работат тројца луѓе. Герда била секретарка и задолжена за продажба на фотографиите а Андре бил наемен работник во фото-лабораторијата. Двајцата се претставувале како да се вработени од богат, познат и многу талентиран (измислен) американски фотограф Роберт Капа кој работел во Франција. "Триото" одлично функционирало. Андре фотографирал а Герда ги продавала фотографиите. Сите авторски заслуги оделе на името на непостоечкиот Капа. Бидејќи Капа бил многу богат, Герда одбивала да ги продаде "неговите" фотографии на француските весници за помалку од 150 франци што во тоа време било три пати поскапо од вообичаената цена на фотографијата. Тајната била случајно откриена од страна на еден уредникот кој работел истражување на тема „Кој е Роберт Капа“. Откривањето на таа тема но воопшто не му сметало, па ги пратил во шпанија за да известуваат од Граѓанската војна. Таму ја направил својота најпозната фотографија на војникот кој умира погоден од куршум. По Шпанија ги покрива сите поголеми воени конфликти во светот, бил во Кина, Италија, Изреал и Германија. За време на десантот во Нормандија тој бил во првите борбени редови на плажата Омаха каде исликал 4 ролни филм кои во лондонската фото-лабораторија биле оштетени и од нив се спасени само 11 фотографии. Барањето на фотографија во првите борбени линии бил фатален за него, во 1964 година настрадал од нагазна мина во Кореја. Кога го нашле неговото тело тој се уште цврсто го држел апаратот. Во негова чест денес се доделува наградата Роберт Капа, за фотографиите кој бараат исклучителна храброст од фотографите.
Автор: Андон Давчев, 16.02.2007
   

  www.IDIVIDI.com.mk   
 
насловна www.idividi.com.mk